Денеска стартува Чемпионшипот, утре Премиер Лигата

Вечерва со почеток од 20:45, Вотфорд на домашен терен го пречекува Мидлзбро со што ќе ја отвори новата сезона во добропознатиот „Чемпионшип“, односно втората по квалитет англиска фудбалска лига. Додека пак утре, со почеток од 13:30, „новајлијата“ Фулам ќе го угости тимот на Микел Артета, Арсенал, за старт на најелитното натпреварување. Тимот на Вотфорд има нов стратег на клупата, србинот Владимир Ивиќ кој доаѓа од израелскиот Макаби Тел Авив. Но, со неколку важни изостаноци, ова можеби ќе биде тешко деби за познатиот тренер. Екипата на Мидлзбро минатата сезона избори опстанок…