Јунајтед со лош старт, Арсенал на два од два

Манчестер Јунајтед разочарувачки загуби со 1:3 на „Олд Трафорд“ од тимот на Кристал Палас, а Арсенал со пресврт дојде до големи 3 бода и победа против Вест Хем. Составот на Оле Гунар Солскјер дојде до негатива уште на почетокот од натпреварот со гол на Андрос Таусенд. Во вториот дел, откако со рака играше најслабиот поединец на мечот, Виктор Линделеф, судијата Мартин Еткинсон досуди на белата точка за гостите. Пеналот на Џордан Ају го одбрани Де Хеа, но беше поништен поради прераното излегување од линијата на голот на шпанецот. Вториот обид…