АО: Првата рунда е зад нас – Беноа Пер во свој стил, а вистинските тенисери од врвот без проблеми закажаа нови дуели!

Во понеделник и неговите рани утрински часови, започна првото тениско големо првенство во годината, Австралијан Опен.

Новата ситуација со здравствените протоколи не донесе некои големи проблеми, па првиот Грен Слем од сезоната започна во предвидениот термин. Рундата број 1, односно 1/64 финалето заврши денеска во попладневните часови, каде имавме само еден „неочекуван“ резултат во рамките на првите 10 носители.

Лесни победи без изгубен сет остварија: Ѓоковиќ (1), Надал (2), Тим (3), Медведев (4), Циципас (5), Рублев (6), Беретини (9), додека со резултат 3:1, место во втората рунда обезбедија Зверев (7) и Шварцман (8). Носителот број (10), французинот Гаел Монфис, загуби од младата тениска надеж, финецот Емил Русовори со 3:2 во сетови, по скоро 4 часови игра.

Од останатите дуели, вредно е да се напомене разочарувачката игра на Давид Гофан и Роберто Баутиста Агут, кои загубија од Попурин со 2:3, односно Албот со 1:3. Со сигурна игра и стабилен сервис можеа да се пофалат: Раониќ, Кирјос, Оже-Алијасим, Вавринка, Чориќ, Сонего, Де Минор и Фоњини.

Како што и посочивме во насловот, дефинитивно број 1 информација од отворањето на турнирот е настапот на Беноа Пер, против Егор Герасимов – 21 ас сервис и дууури 23 двојни грешки. Навистина, секој турнир го доживува како екскурзија.

Во следната рунда, највеќе можеме да очекуваме од дуелите на: Вавринка – Фучович (среда) и Лопез – Сонего (четврток).

Сподели

Можеби ќе ве интересира