АТП Хамбург: Циципас јури кон својата нова титула

АТП турнирот во Хамбург стигна до полуфиналните двобои, откако вчера се одиграа сите 4 натпревари од 1/4 финалната рунда.

Во првиот меч, Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (2:6,5:7) го совлада пргавиот шпанец, Роберто Баутиста Агут.
Вториот носител на турнирот, гркот Стефанос Циципас се мачеше во првиот сет против Душан Лајовиќ, но успеа ја да оправда улогата на втор носител во Хамбург и победи со 7:6 и 6:2.
Францускиот тенисер, Уго Имбер, во три сета беше совладан од Каспер Руд 5:7,6:3 и 6:1.
На крајот од денот, Кристијан Гарин – специјалистот на земјена подлога, како што напишавме во претходната објава, беше подобар од Александер Бублик.

Денеска на програмата се натпреварите од полуфиналето. Моментално се игра дуелот помеѓу Каспер Руд и Андреј Рубљов, а веднаш по завршување на нивниот меч, на терен излегуваат Кристијан Гарин и Стефанос Циципас.

Останува да видиме дали може Циципас да ја “украде“ титулата на првиот носител Данил Медведев, кој своето учеството го заврши во првата рунда или ќе бидиме сведоци на изненадување на последниот подготвителен турнир пред големиот Ролан Гарос.

Сподели

Можеби ќе ве интересира