(ВИДЕО) Фантастичен поен на Андреј Рубљов

Фантастичен поен од многу тешка позиција одигра русинот Андреј Рубљов, на денешниот дуел со Роберто Баутиста Агут.

Поенот изгледаше веќе добиен за Агут, но рускиот тенисер не се откажа. Тој од средината на теренот кај основната линија, истрча скоро до крајот на теренот, па со бекхенд удар пласираше недостижна топка за шпанецот.

Рубљов го доби натпреварот со 2:6, 5:7 и се пласираше во 1/2 финале од АТП Хамбург турнирот каде го чека подобриот од мечот Имбер-Руд, кој се игра во моментов.

Сподели

Можеби ќе ве интересира