Шампионски поздрав – Ѓоковиќ му се обрати на Петар од Македонија

Српскиот тенисер и број еден во светот, Новак Ѓоковиќ, го израдува малиот Петар од Македонија, кој воедно е и негов голем фан.

Преку обраќање на Скајп, шампионот покажа како треба една икона во овој спорт да работи и кога не е на теренот. Видеото на Твитер го објави таткото на малиот Петар, кој упати голема благодарност до Ѓоковиќ за радоста на својот син.

Поради аутизмот и терапијата која ја има, на Петар честопати му се потребни ситуации во кои ќе ја врати насмевката на своето лице и спокојно ќе легне да спие.

Сподели

Можеби ќе ве интересира