Во изменети услови и нов термин, започна големиот Ролан Гарос

Започна Грен Слем турнирот на земјена подлога, големиот Ролан Гарос. Денеска од 11:00 часот, со првите три натпревари, па до 11.10.2020, на програмата ќе бидат интересните дуели од Париз.

Новак Ѓоковиќ е носител во горниот дел од ждребот, а на другата страна стои Рафаел Надал. Тие своите први мечеви ги играат утре против Микел Имер, односно Игор Герасимов.

Денеска турнирот со своите дуели го отворија домашниот Бенџамин Бонзи против Емил Росувуари, Себастијан Корда против ветеранот Андреас Сепи и младиот Јаник Синер кој својот меч од првата рунда го игра против искусниот Давид Гофан.

Како интересни дуели од првата рунда можеме да ги издвоиме:

Вавринка – Мари
Чилиќ – Тим
Баутиста – Гаске
Шаповалов – Симон
Штруф – Тиафо
Монфис – Бублик
Медведев – Фучович
Фоњини – Кукушкин


Сподели

Можеби ќе ве интересира