Горазд Србљак ја одбрани титулата за државен шампион

Денеска на теренот на Тенискиот клуб „Југ“, се одигра финалето на Државното тениско првенство на Македонија.

Горазд Србљак по 4-ти пат, а два пати по ред, ја освои титулата на отвореното државно првенство. Тој во финалето со пресврт беше подобар од 16-годишниот Калин Ивановски, 3:6, 6:3 и 6:4.

23-годишниот Србљак, мината година на АТП табелата го оствари своето највисоко рангирање како 868-ми тенисер во светот.
Тој се уште нема освоено ниту ИТФ титула, а ја претставуваше Македонија во Дејвис Куп натпреварите.

Младиот Ивановски покажа одлична и храбра игра, па доколку продолжи со слично темпо, македонската јавност може да очекува многу подобри резултати во иднина.


Сподели

Можеби ќе ве интересира