ДЕБАКЛ: Искусниот Марин Чилиќ загуби од играч што скоро и да го нема на тениската мапа

Искусниот хрватски тенисер, 32-годишниот Марин Чилиќ, загуби од Јонас Форејтек и тоа со 0:2 во сетови.

Натпреварот беше дел од првата рунда на АТП турнирот во Софија. Младиот 19-годишен чешки тенисер го прегази, оваа сезона очајниот Чилиќ, со 6:3 и 6:2.

За Јонас Форејтек ова е прв настап на еден АТП турнир бидејќи настапува на ИТФ и Челинџер, а во ваква слична рамка има два пати успешно настапувано на Дејвис Купот за својата држава против БиХ. Од поважните резултати, тој исто така го освои УС Опен турнирот за јуниори во 2019 година.

Во 1/8 финалето, Форејтек го очекува подобриот од дуелот помеѓу Карбаљес Баена и Ришар Гаске. Додека за Чилиќ, сезоната е завршена бидејќи беше многу далеку од завршниот Мастерс во Лондон кој ќе се одигра од 15-ти до 22-ри ноември, а Дејвис Купот е одложен годинава.


Сподели

Можеби ќе ве интересира