Доминик Тим го освои УС Опен 2020

Петти пат во историјата, а прв пат надвор од Ролан Гарос, некој да освои титула на Грен Слем по заостаток од 0:2 во сетови. Тоа го стори Доминик Тим, откако Александар Зверев имаше големи 2:0.

Австриецот губеше со 6:2 и 6:4, но по третиот 4:6 сет, најави пеколна завршница. Во четвртиот, со само 2 направени грешки, со 3:6 го изедначи сет-количникот. На крајот, во петиот сет, се водеше неверојатна битка па со тај-брејк заминаа на кратка пауза. Тука поуспешен беше Тим, со 8:6 стана овогодинешниот освојувач на УС Опен.

Ни двајцата немаа некоја полза од сервирањето, но Зверев направи 7 двојни грешки повеќе. Не беше многу трпелив, па имаше и поголем број на неизнудени грешки, 65:55. Мора да се напомене дека имаше повеќе винери од Тим 52:43, но залудно.

За Доминик Тим, ова е прва титула во четвртото финале, а Александар Зверев има 0/8 скор против Топ10 играчи на Грен Слем турнир.

Сподели

Можеби ќе ве интересира