Енди Мари: Повторно сум дел од Ролан Гарос, пресреќен сум

Британскиот тенисер, некогашен број 1 рекет во светот, низ својата кариера имаше многу повреди кои му попречија на патот до поголем успех на тениските терени. Но, по 3 ипол години, повторно ќе заигра на легендарниот Ролан Гарос.

Тој на својот официјален Инстаграм профил објави соопштение за неговите фанови, но и за целиот тениски свет, кој со сигурност се радува на ваквата вест.

Помина долг период од мојот последен настап на теренот Филип Шатрие. Три ипол години откако играв против Стан Вавринка во брутални 5 сета од ½ финалниот дуел, кога и дојде мојата повреда на колкот. Ми претставува вистинско задоволство што сум повторно дел од Ролан Гарос. Посебно сум благодарен на Француската тениска федерација што ми овозможи повторно да играм тука.


Енди посочи дека новиот кров на теренот изгледа фантастично, со сите промени и подобрувања кои се направени во полза на самите играчи.

Главниот ждреб од Грен слем турнирот во Париз започнува во понеделник на 28-ми септември, а во тек е првата рунда од квалификациите.



Сподели

Можеби ќе ве интересира