Зверев со пресврт, Тим го прегази Медведев

Германецот со руско потекло, направи голем пресврт против шпанскиот тенисер па со победа од 3:2 закажа финале против Доминик тим, кој убедливо го доби Медведев.

УС Опен е на самиот крај, а вчера бевме сведоци на два извонредни натпревари во машката конкуренција. Првин, Карењо Буста имаше огромна предност од 2:0 во сетови против Александар Зверев, но како што знаеме од минатото, никогаш и ништо не е доволно додека се игра натпреварот. Па така, Зверев смогна сили и го сврте натпреварот во негова полза. Со извонредни 24 ас сервиси и 71 винер, успеа да го добие пргавиот шпански тенисер.

На другиот натпревар, Доминик Тим изненадувачки лесно го победи Данил Медведев. Русинот имаше 15 грешки повеќе отколку винери во трите сета, што не можеше да му донесе победа ни на сон.

Сподели

Можеби ќе ве интересира