Знаат каде треба – млади и познати таленти на тренинг кај Надал!

Феликс Оже-Алијасим, Лоренцо Сонего и Емил Русовори се подготуваа за следната сезона во Академијата на Рафаел Надал.

Беше одлично што Ве имавме тука, во изминатите неколку недели. Ви благодарам што ја избравте мојата Академија и Ви посакувам голем успех во претстојната 2021 година, напиша Надал на својот инстаграм профил.

Италијанецот Сонего има 25 години и веќе долг период води битка со најдобрите, но, за Оже-Алијасим (20) и Емил Русовори (21) е потребна работа со најдобрите. Нивните шампионски кариери сега започнуваат.

Сподели

Можеби ќе ве интересира