Интересна приказна од Русија: Тенисер избегал од прегледи, му се заканува суспензија

Сем Квери е моментално во центарот на светските тениски случувања, откако не ги испочитувал здравствените протоколи кои се пропишани на секој тениски турнир.

Американскиот тенисер добил позитивен тест од корона вирус кога пристигнал во Санкт Петербург, па мораше да го откаже настапот на турнирот. Квери во Русија допатувал со својата сопруга и нивното 8-месечно бебе, а планот бил долгите 14 дена да ги поминат во самоизолација. За семејството тоа не претставувало проблем бидејќи им бил понуден скап и луксузен дворец во кој сигурно нема да имале време ни да ги видат сите простории. Меѓутоа, Сем добил повик во кој му било кажано дека ќе биде прегледан и доколку се појават симптоми, ќе мора да биде хоспитализиран. Тоа никако не му се допаднало, па првиот пат кога дошле лекарите, кажал дека детето спие и не ја отворил влезната врата и побарал нова шанса. На вториот закажан термин, семејството Квери веќе не се наоѓало на старото место. Тенисерот изнајмил приватен авион и го напуштил дворецот експресно. Според неофицијални извори, тие се наоѓаат во некоја европска држава во која не е потребен негативен корона тест, но каде поточно, засега не е познато.

Семејството наводно објаснило дека не сакале да се одвојуваат од нивното штотуку родено бебе во странска земја, па ги превземале работите во свои раце.

Поради овој потег, односно одбивање за соработка по протоколите кои ги налага еден тениски турнир во време на пандемија со вирус, Квери во најмала рака ќе биде парично казнет со над 100.000 долари. Но, од страна на АТП, големи се шансите да добие и долгогодишна суспензија. Па ако на моменталните 33 години, додадеме некоја година без официјален натпревар во висока конкуренција, можеме да кажаме дека ова е и крајот на кариерата за високиот американец.

Останува да видиме кои ќе се официјалните казни и како ќе реагира самиот тенисер кој очигледно е виновен.

Сподели

Можеби ќе ве интересира