Кицбухел со нов освојувач, србинот Кецмановиќ

Младиот српски тенисер, Миомир Кецмановиќ, го освои австрискиот земјен турнир Кицбухел. Тој беше подобар од Јаник Ханфман два пати по 6:4.

За 21-годишниот Кецмановиќ ова е прва титула во првото одиграно финале. Во професионалните води на АТП ниво влезе во 2017 година.
Тој засега има одлична сезона и со 14 победи, стигна до најдобриот ранк (39) во кариерата. Неговиот тренер Миро Хрватин за медиумите изјави дека ова е само почеток, и дека Кецмановиќ го очекува блескава кариера поради неговиот беспрекорен талент, но само ако продолжи со големи вложувања во неговата игра.

Сподели

Можеби ќе ве интересира