Летечкиот Шварцман доминираше, Надал со очајна игра

Бразилецот Диего Шварцман се пласираше во полуфиналето од АТП Мастерс турнирот во Рим, откако со 6:2, 7:5 славеше против Рафаел Надал, 9 пати освојувач на истиот.

Со само 43% и освоени 13/27 на прв сервис, а 16/36 на втор сервис, Надал немаше никакви шанси против разиграниот Шварцман.

За Диего, ова е најголема победа во животот бидејќи беше прв пат подобар од втор носител на еден турнир. За Надал може да се каже дека ја одигра една од најслабите партии во својата богата тениска кариера.

Во борба за големото финале, Шварцман ќе игра со Денис Шаповалов, кој беше подобар од Григор Димитров со 2:1 и стигна до 100 АТП победи.

Сподели

Можеби ќе ве интересира