Младиот Карлос Алкараз се изедначи со Рафаел Надал

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, стана третиот играч во историјата на овој спорт кој стигнал до 4 Челинџер финалиња на 17 годишна возраст. Пред него, тоа единствено го сториле Ришар Гаске и Рафаел Надал.

За Карлос Алкараз, ова е четврто Челинџер финале и трета титула во овој ранг на земјена подлога. Победата над Педро Мартинез во финалниот меч во Аликанте, Шпанија, беше десета по ред за Алкараз бидејќи пред овој турнир тој го освои и Челинџерот во Барселона. На крајот од август, го освои Трст, а веднаш по него, загуби во финалето во Корденос.

Во споредба со минатата година, во оваа нова сезона Алкараз направи голем напредок од 300 позиции на АТП листата, па моментално е на 136-то место во светот. Уште еден млад талент, од кој се очекува богата кариера.

Сподели

Можеби ќе ве интересира