Надал и Ѓоковиќ се загреваат за финале во Рим

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, првиот и вториот носител на АТП Мастерс турнирот во Рим, и во вториот нивен настап лесно се справија со противниците.

Надал во 1/8 финалето беше убедливо подобар од србинот Душан Лајовиќ, дозволувајќи му само 4 освоени гема. Ѓоковиќ пак наиде на мал отпор од страна на својот сонародник, Филип Крајиновиќ, па во првиот сет одигра тај-брејк а во вториот со два брејка и 6:3 се пласираше во 1/4 финалето.

Утре на програмата се натпреварите од четвртото коло:
Ѓоковиќ – Кепфер
Беретини – Руд

Шаповалов – Димитров
Шварцман – Надал

Сподели

Можеби ќе ве интересира