Новак Ѓоковиќ го освои мастерсот во Рим

Србинот Новак Ѓоковиќ го освои АТП Мастерс турнирот во Рим со 2:0 против Диего Шварцман.

Аргентинецот пружи одлична борба во првиот сет каде имаше и два брејка предност, но ја испушти позитивата со слабиот сервис, па првиот сет го изгуби дури и со брејк, 7:5.
На почетокот на вториот сет, Шварцман пак доби шанса за поправен испит откако Ѓоковиќ го изгуби својот сервис. Но, српскиот тенисер беше поодлучен и посконцентриран, па ја стопи негативата и освои уште 2 брејка до крајот, за 6:3 и голема титула на турнирот во Италија.

За Ѓоковиќ ова е 36 мастерс титула, а 52 финале со што е лидер во оваа категорија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира