Новото нормално е всушност ненормално – Кудла на бизарен начин ги заврши квалификациите за АО!

Деновиве, во Доха, Катар, се играат квалификациите за првиот Грен Слем во сезоната, Австралијан Опен. Сите играчи кои пристигнаа во комплексот, беа со негативен тест. Меѓутоа, во повтореното прегледување, двајца играчи добија позитивен резултат.

Еден од нив е Франциско Серундоло, кој без борба мораше да му предаде на Марио Вилела во втората рунда.

Вториот случај, кој е бизарен, е со Денис Кудла. Тој имаше 6:4 и 5:3 против французинот Беншетрит кога се дозна дека американецот има позитивен тест. Во тој момент, и двајцата играчи беа на терен. Беншетрит сервираше за 5:4 да остане во мечот – тогаш ќе се прекинеше дуелот и тој би одел понатаму. Но, Кудла прави брејк и победува со што се пласира во следната втора рунда. Во ист момент, дознава дека мора да се откаже од понатамошната борба за главниот турнир поради позитивен тест на Ковид. Па така, неговиот противник во 2-та рунда, Дејн Свини, оди понатаму без игра и дуел со искусниот тенисер.

„Новото нормално“ е всушност ненормално.

Сподели

Можеби ќе ве интересира