ПЕТТИ ДЕН РГ: Крај за Шаповалов и Лајовиќ, Ѓоковиќ изгуби само 5 гема

Денеска беше комплетирана втората рунда на Ролан Гарос, па во наредните два дена, пред нас ќе ги имаме сите 16 дуели од трета рунда.

Денот започна со изненадување бидејќи во 5 сета, натпреварувањето заврши за младиот, талентиран но многу лабилен тенисер – канаѓанецот Денис Шаповалов. Тој загуби од Роберто Карбаљес Баена во тешка и напорна борба која траеше скоро 5 часа. Шпанецот во третата рунда оди на одличниот Григор Димитров, кој е на 6/0 од првите два натпревари.
Во истиот термин, сигурни победи остварија Фучович над Рамос и Монтеиро над Гирон. По еден сет загубија Качанов од Весели и одличниот Гарин од Полманс.

Нешто подоцна, имавме два неочекувани резултати според коефициентите, но станува збор за играчи кои немаат огромна желба за успех во својата кариера. Тоа го мислам за Јан Ленард Штруф и Тенис Сандгрен. Тие со по 3:0 го напуштија Ролан Гарос од дебитантот Даниел Алтмае односно Д.Е Галан Риверос.
Паралелно со нив, Димитров, Карењо Буста, Циципас и Ѓоковиќ остварија лесни победи. Првиот рекет во светот загуби само 5 гема од денеска полуаматерскиот Рикардас Беранкис.

Кевин Андерсон игра одличен турнир, па ја помина и втората препрека во Париз. Тој беше подобар од Душан Лајовиќ со 2:3 во сетови за нешто повеќе од 3 часа игра. Му следува дуел со Андреј Рубљов, од кој се очекува вистинска борба.

На крајот од денот, без проблеми своите дуели ги завршија Матео Беретини и Роберто Баутиста.

Сподели

Можеби ќе ве интересира