Плишкова предаде, Халеп ја освои титулата (ВИДЕО)

Симона Халеп ја освои титулата во Рим откако во вториот сет Каролина Плишкова поради повреда го предаде дуелот.

Романската тенисерка првиот сет го доби убедливо со 6:0, а по завршениот 3 гем во вториот сет, Плишкова соопшти дека не може да продолжи.

Чешкиот рекет број 1 во женска конкуренција е ланскиот освојувач на титулата во Рим.

Халеп е во низа од 14 победи и 3 освоени титули по ред и одлична форма пред големиот Ролан Гарос кој започнува наредната недела.

Во продолжение можете да го видите последниот поен од мечот:

Сподели

Можеби ќе ве интересира