ПРВ ДЕН РГ: Вавринка лесно со Мари, а имаше и едно големо изненадување

При крај е првиот ден од ГС турнирот Ролан Гарос кој започна утринава.

Во дерби натпреварот помеѓу Вавринка и Мари, швајцарецот лесно славеше против британскиот тенисер и повратник на турнирот по скоро 4 години, со 6:1,6:3 и 6:2.

Се случи едно големо изненадување. Борна Чориќ загуби со 1:3 од Норберт Гомбос. Хрватскиот тенисер, по големиот успех на претходниот ГС турнир УС Опен, каде загуби во 1/4 финале, тука во Париз првата рунда ја одигра катастрофално и без волја. Чориќ имаше 46 грешки и само 41% на освоени поени на втор сервис. Гомбос во следната рунда игра против Јуриј Родионов, кој го помина Шарди, откако за прв пат влезе во еден главен ждреб на ваков турнир од серија 2000.

Уште еден дебитант на Грен Слем турнир обезбеди втор натпревар. Тоа е Себастијан Корда, кој го победи ветеранот Андрес Сепи со 3:1 во сетови.

Имаше и втор интересен случај од денеска. Марко Чекинато за втор пат во својата кариера помина во втора рунда на ГС турнир, а го победи Де Минаур со 3:0. Прв пат кога тоа му успеа, стигна до 1/2 финале.

Од останатите победи со 3:0, можеме да издвоиме:
Синер против Гофан, Траваља против Андухар и Изнер против Беншетрит.

Сподели

Можеби ќе ве интересира