Рафаел Надал си поигра со својот сонародник

По шест ипол месеци пауза, Рафаел Надал фуриозно го отвори својот прв настап на турнирот во Рим. Убедливо го доби својот сонародник, воедно и полуфиналист на УС Опен, Пабло Карењо Буста, два пати по 6:1

Надал имаше мошне низок процент на уфрлени топки на прв сервис, само 49, но освои 15/19 поени на истиот, за разлика од својот противник кој имаше високи 73% ама освоени само 19/41 поени. На вториот сервис пак, Буста беше очаен и имаше само 33%, во споредба со огромните 80% на Надал. Тоа доведе и до мал процент на спасени брејк-топки, само 4/9.

Рафаел Надал за противник во следното коло ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Душан Лајовиќ и Милош Раониќ, еден класичен „земјаш“ или еден тенисер со “проектил“ во рацете.

Сподели

Можеби ќе ве интересира