Ролан Гарос: Кои тенисери ќе дебитираат на ГС турнир?

На овогодинешниот Ролан Гарос, деби на Грен Слем турнир ќе запишат 9 тенисери. Некои од нив успешно ги минаа сите квалификациски рунди, а некои пак добија „вајлд карта“, односно влегоа во главниот ждреб без борба.

Тенисери со деби настап на ГС турнир и нивните противници во првата рунда:

1. Александар Вукиќ (24, Австралија) квалификант – Педро Мартинез
2. Никола Милојевиќ (25, Србија) квалификант – Филип Крајиновиќ
3. Даниел Алтмаe (22, Германија) квалификант – Фелисијано Лопез
4. Томаш Махач (19, Чешка) квалификант – Тејлор Фриц
5. Стивен Диез (29, Канада) квалификант – Мекинзи МекДоналд
6. Јуриј Родионов (21, Австрија) квалификант – Жереми Шарди
7. Емилио Гомез (28, Еквадор) квалификант – Лоренцо Сонего
8. Артур Риндеркнеш (25, Франција) вајлд-карта – Аљаж Бедене
9. Аролд Мају (18, Франција) вајлд карта – Алехандро Давидович Фокина


Во горната половина односно прв носител е Новак Ѓоковиќ, а во долниот дел од ждреб е Рафаел Надал.
Турнирот започнува утре, а финалето е закажано за две недели, во 15:00 часот.







Сподели

Можеби ќе ве интересира