РОЛАН ГАРОС 1/16: Вавринка и Беретини во аут, Надал и Ѓоковиќ сигурни

Грен Слем турнирот во Париз влезе во втората недела, а вчера и денеска беше комплетирано 1/16 финале. По едно големо изненадување во секој ден, а првите два носители не дозволија никакви изненадувања.

ДЕН 1

Петокот започна со добар тренинг за Доминик Тим кој траеше 2 часа и 15 минути. Тој беше подобар од Каспер Руд со 6:4, 6:3 и 6:1. Тој во 1/8 финале игра со младиот французин, Иго Гастон кој со феноменална игра беше првото изненадување во оваа рунда. Гастон со 2:3 во сетови го победи искусниот Вавринка, кој не пронајде решение да го сруши мотивираниот домаќин, 239-ти играч во светот пред овој турнир. За швајцарецот, ова е пораз од најслабо рангираниот играч до сега во неговата кариера. Сите останати дуели завршија со по 3:0, каде Зверев го совлада Чекинато, Шварцман беше подобар од Гомбос, Синер го победи Кориа, а Сонего во дерби дуелот остана цврст и не му дозволи на Фриц да се врати во мечот. Можеме само да ја издвоиме победата на Себастијан Корда над Педро Мартинез. Младиот американец ќе го има најголемиот натпревар во својата мала кариера, бидејќи во следната рунда игра против Рафаел Надал – неговиот идол. Корда за медиумите изјави дека толку многу го обожава шпанецот па на својата мачка и го дал името на овој тенисер.

ДЕН 2

Денеска програмата беше отворена со големата победа на Даниел Алтмае над Матео Беретини. Германецот кој дебитира на еден Грен Слем турнир има фантастична недела. Тој го прегази италијанецот со 3:0 и во следната рунда ќе игра со Пабло Карењо Буста, кој беше подобар од Баутиста Агут во дерби дуелот. Во истиот термин, Андреј Рубљов лесно и очекувано го исфрли Кевин Андерсон за само 1 час и 30 минути игра. Мартон Фучович рутински го совлада Тиаго Монтеиро, а Качанов со 1:3 беше подобар од Гарин. Имавме два предадени дуели. Бедене одлучи да не го заврши натпреварот против Циципас и Карбаљес Баена му честиташе на Григор Димитров. На крајот од денот, Ѓоковиќ рутински го прегази Галан Риверос со 6:0, 6:3 и 6:2.

1/8-на финални дуели:

Корда-Надал
Зверев-Синер
Сонего-Шварцман
Гастон-Тим

Буста-Алтмае
Димитров-Циципас
Ѓоковиќ-Качанов
Фучович-Рубљов

Од вкупно 9-те дебитанти на еден ГС турнир, остана само Даниел Алтмае. Дали ќе смогне сили и да помине уште една рунда или ќе го заврши својот прекрасен настап во 1/8 финален меч, останува да видиме.

Сподели

Можеби ќе ве интересира