РОЛАН ГАРОС 1/4: Тим загуби во маратонски меч, Циципас го прегази Рубљов

Утре на програмата се двата дуели од 1/2 финалето на Грен Слем турнирот во Париз, Ролан Гарос. Четвртфиналните соочувања завршија вчера со победите на Ѓоковиќ и Циципас.

Во вторник, Шварцман и Тим играа цели 5 часа, а поуспешен беше бразилецот во пет сета. За него, ова е прв пласман во 1/2 финале на еден Грен Слем турнир. Го чека Рафаел Надал, кој имаше исто така нешто потежок противник од претходните рунди. Јаник Синер пружи одличен отпор, но не успеа да одсервира во првиот сет при резултат 6:5 па го загуби во тај-брејк со 4:7. Во вториот сет имаше пак брејк предност, ама шпанецот со големото искуство и знаењето кое го поседува не дозволи младиот и талентиран италијанец да наметне своја игра па се врати и со 4:6 замина во третиот сет каде и ја заврши работата.

Најдобриот тенисер во светот го загуби првиот, но се врати со 3 последователни и сигурни сетови, па закажа дуел со Циципас, кој многу лесно го помина Рубљов со 7:5, 6:2 и 6:3.
Карењо Буста се пожали дека србинот кога губи зема медицински тајм-аут а подоцна е се во ред и игра како ништо да не се случило.

Првиот 1/2 финален натпревар е утре во 15:00 часот, а финалето е закажано за во недела во истиот термин.


Сподели

Можеби ќе ве интересира