РОЛАН ГАРОС 1/8: Крај за Зверев, историски резултат и за Рубљов

Денеска и утре на програмата се дуелите од 1/4 финалето на Грен Слем турнирот Ролан Гарос, а двајца тенисири остварија најдобри пласмани во своите досегашни настапи.

ПРВ ДЕН 1/8:

Првиот натпревар од 1/8 финалните дуели го отвори вториот носител на турнирот, Рафаел Надал против младиот Себастијан Корда, син на легендариот Петр. Шпанецот без проблеми ја реши и оваа препрека и со само 4 изгубени гема во 1/4 финале ќе игра со Јаник Синер, кој беше подобар од Александар Зверев со 3:1 во сетови. Младиот италијанец забележа историски резултат со пласман во петтата рунда од еден Грен Слем турнир. Овој меч се игра како последен на главниот терен „Филип Шатрие“, но не пред 18:00 часот.

Веднаш по тие два натпревари, Доминик Тим во феноменален меч, со тешки маки, успеа да го совлада Уго Гастон со 3:2 во сетови за 3 часа и 30 минути игра. Ситуацијата во вториот меч беше сосема различна, бидејќи Лоренцо Сонего не успеа да пружи ни најмал отпор па за точно 2 часа игра и освоени 8 гема, му честиташе на извонредниот Диего Шварцман. Нивниот дуел е денеска нешто по 14:30 часот.

ВТОР ДЕН 1/8:

Вчера првиот натпревар го одиграа Андреј Рубљов и унгарскиот тенисер, Мартон Фучович. Русинот беше подобар и оствари историски резултат во неговата кариера пласирајќи се за прв пат во 1/4 финале на еден Грен Слем турнир. Тој со пресврт по првиот изгубен сет го победи унгарецот. Во петтата рунда ќе игра со Стефанос Циципас бидејќи грчкиот број еден го совлада Григор Димитров со лесни 3:0, иако бугаринот сервираше за 1:1 во сетови кога имаше 8:7 во тај-брејкот од вториот сет.

Во попладневниот термин, Новак Ѓоковиќ со не толку сигурна игра, но помалку грешки од противникот, со убедливи 3:0 во сетови отиде во 1/4 финале каде ќе има натпревар со Пабло Карењо Буста. Шпанецот го прегази дебитантот Даниел Алтмае со 6:2, 7:5 и 6:2. За германецот ова е најдобар резултат во неговата кариера и има заработено повеќе пари отколку во претходните настапи заедно.

Полуфиналните мечеви ќе гласат вака: подобар од Надал и Синер ќе вкрсти со подобриот од Шварман или Тим, а во горниот дел од ждребот, Ѓоковиќ или Буста ќе имаат пресметка со Циципас или Рубљов.

Сподели

Можеби ќе ве интересира