СЕ СЛУЧИ И ОВА: Натпревар од Ролан Гарос под истрага за местење

Тениски натпревар од првата рунда во женската дубл конкуренција на Ролан Гарос, под истрага поради сомневање за можно местење на резултатот.

Се работи за мечот помеѓу Миту/Тиг и Сизикова/Бренгл. Според обложувалниците, голем фаворит во овој дуел бил првиот пар кој е составен од две искусни романски тенисерски. Но, главен фактор во оваа приказна има русинката Јана Сизикова (25 годишна со 652 место во сингл и 89 во дубл). Имено, во вториот сет (првиот очекувано го добле Миту/Тиг со 7:6), при резултат 2:2 и сервис на Сизикова, голем број од букмејкерите пријавиле големи суми на пари кои биле уплатени дека баш тој сервис гем ќе го добијат противничките на русинката. Нормално, тоа и се случило без освоен поен, односно 40:0. Како што можете да видите во видеото, Сизикова започна со двојна грешка а и го загуби гемот на ист начин. Коефициентот бил 1.8 кога луѓето задолжени за следење на активните натпревари за обложување, пријавиле неочекувано големи суми на уплата.

Луѓето од тенискиот свет кои повеќе имаат навлезено во играта на двојки но и женскиот тенис, велат дека ова не е прв пат каде се спомнува името на Јана Сизикова во една ваква приказна, односно тенисерката и во минатото била осомничена за местење на натпревари, во овој случај поточно за петтот гем од вториот сет (во најголем дел, одлучувачки за текот на дуелот).

На прашање до организаторите на Ролан Гарос во врска со настанот, тие ги препратиле новинарите до Тениската Морална Унија, која останала без коментар.

Во продолжение, можете и сами да процените и да дадете свој суд во врска со сервис гемот на тенисерката:

Сподели

Можеби ќе ве интересира