ЧЕТВРТИ ДЕН РГ: Надал и Тим рутински, Мартинез со историски резултат

Среда – измина и третиот ден од главниот ждреб на Грен Слем турниот во Париз, легендарниот Ролан Гарос. Денот помина прилично во досадна атмосфера бидејќи скоро сите фаворити ја оправдаа улогата во своите натпревари.

Првиот ден од втората рунда започна така што младиот квалификант Себастијан Корда, го победи Џон Изнер со 3:1 во сетови. Можеби за обложувачите ова е изненадување, но младиот американец има одличен турнир позади себе. Тој квалификациите ги заврши без изгубен сет, а во првата рунда со 3:1 го совлада Андрес Сепи, што не е мала работа. Поискусниот американец во овој дуел, освен сервисот (денеска само 63% со 13 ас удари и 8 двојни грешки) и не поседува други квалитети, па на земјена подлога и не се снаоѓа баш најдобро, односно тука е со најслаби резултати во својата кариера.

Во истиот термин, Тејлор Фриц го растури Раду Албот со само 9 изгубени гема. Вавринка и Гастон славеа со по 3:1 над Кепфер односно Нишиока.

Нешто подоцна, Рафаел Надал како втор носител на турнирот рутински го преслуша младиот дебитант на Грен Слем турнир, Мекинзи МекДоналд со 6:1,6:0 и 6:3. Во исто време, играше и Доминик Тим против Џек Сок, па исто така со 3:0 во сетови и само со мали проблеми во третиот за 8:6 во тај-брејкот.

Како главен резултат на денот со сигурност е одличниот деби настап на Педро Мартинез кој замина во 3-та рунда откако го прегази Микаил Кукушкин со 6:3, 6:1 и 6:0. Тој во наредната рунда ќе игра со Себастијан Корда, па има голема шанса да направи историски резултат за него и најверојатно да закаже дуел со големиот Рафаел Надал, кој игра со Стефано Траваља.

Токму италијанецот Траваља во 5 сетови го доби искусниот Кеи Нишикори. Каспер Руд и Томи Пол играа исто така 5 сетови, а поуспешен беше младиот норвежанец, за кого натпреварувањето е пред самиот крај бидејќи закажа дуел со Доминик Тим.

Во 5 сетови играше и Александар Зверев, кој се намачи но го совлада домашниот играч Пјер-Иг Ербер.

До убедлива победа би требало да стигне и младиот Јаник Синер, кој води со 0:2 во сетови против Бенџамин Бонзи.

Од останатите резултати, можеме да ги издвоиме победите на Лоренцо Сонего, Марко Чекинато, Федерико Кориа и Диего Шварцман кој го врати Ѓустино на Челинџер турнирите, ама со освоени пари како во текот на целата 2019 година.

Сподели

Можеби ќе ве интересира