Шварцман за само 1 поен подобар од Шаповалов за финале во Рим

По 3 часа и 15 минути напорна борба, мораше да има само еден победник кој ќе се пласира во големото финале на АТП Мастерс турнирот во Рим, против исто така „големиот“ Новак Ѓоковиќ. Србинот го совлада младиот Руд со 7:5, 6:3.

Диего Шварцман и Денис Шаповалов одиграа 34 гема плус тај-брејк соочување во третиот сет. Тие на натпреварот вкупно имаа 225 поени, а за само еден односно 113 наспрема 112, поуспешен беше аргентинецот. Токму тој еден поен во завршниот сет го одлучи победникот на овој фантастичен меч.
Интересно е што, Диего Шварцман 3 пати во последниот сет заостануваше по еден брејк, и 3 пати успешно се враќаше.

Финалето во Рим е закажано за утре во 17:00 часот, каде што ќе добиеме нов шампион бидејќи минатата година Надал го совлада Ѓоковиќ.

Сподели

Можеби ќе ве интересира