Ѓоковиќ на искуство, Руд до историски резултат

Горната половина од ждребот во Рим, го одреди полуфиналниот дуел. За меч во големото финале ќе вкрстат првиот носител, Новак Ѓоковиќ и младиот 34. играч во светот, Каспер Руд.

Ѓоковиќ со мали компликации во вториот сет, но на “мускули“ и големо искуство не дозволи изненадување од германецот Кепфер, па со конечни 6:3, 4:6 и 6:3 се пласираше во финалето. Србинот изгледаше нервозно на средината од вториот сет, откако не успеа да го задржи брејкот од самиот старт при 2:1 во неговата корист. Германецот се врати, поведе со 3:4 во моменти кога Ѓоковиќ доби предупредување од судијата поради уништување на рекет. Сепак, во третиот сет со 2 брејка и сигурна игра при размена на ударите, го доби мечот.

Во натпреварот каде силите ги одмерија Беретини и Руд, имавме 3 часовна борба во 3 сета, победи младиот норвежанец Каспер Руд. Првиот сет му припадна на италијанецот со 6:4, а во вториот подобар беше неговиот противник со 3:6. Во третиот одлучивачки сет, Беритини и Руд одиграа тај-брејк, за најголем дел од фановите на тенисот, најреално сценарио. Каспер Руд го освои уште на почетокот со 5-7 и се пласиреше во своето прво 1/2 финале на АТП турнир од серија 1000.

Во долната половина играат: Шаповалов и Димитров, односно Шварцман против Надал. Финалето е закажано за во понеделник, поради задоцнетиот старт на турнирот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира