(ФОТО) Се одржа национално тениско првенство за играчи до 12 години

Вчера започна, а денеска се заврши националното тениско првенство на играчи до 12 години, во машка и женска конкуренција.

Првиот натпреварувачки ден помина во одлични временски услови кои овозможија цврсти натпревари и многу тениски надмудрувања од младите таленти, на терените „23 октомври“ во Куманово. Учество зедоа 19 натпреварувачи во машка и 10 во женска конкуренција.

Денеска, во машкото финале, титулата шампион на турнирот ја заслужи Ерион Незири, кој игра во ТК „Фан Тенис“. Тој во последната пресметка беше поуспешен од Александар Грујиќ од ТК „Нет“, со 6:3, 6:3

Во женската конкуренција пак, победничка беше Ива Кецкарова од ТК „Охрид“, која во финалето ја победи Исидора Павковиќ од ТК „МТП“, со 6:4, 7:6.

Отвореното првенство на Македонија беше во организација на Тенискиот Клуб „Куманово 2010“, а свое видување на настанот даде тренерот Фидан Арсовски.

Зад нас се прекрасни два дена во двете конкуренции. Видовме квалитетни, изедначени и неизвесни дуели во организација на нашиот клуб, кој овозможи беспрекорни и професионални услови. Исто така, сакам да упатам и голема благодарност до Општинскиот Сојуз за спортови при град Куманово и ланецот на маркети „Елида“, од Куманово.

Сподели

Можеби ќе ве интересира